Безживотно женско тело вчера беше извлечено од водите на реката Вардар во Горно Лисиче.
-Во 13,10 часот од водите на Вардар кај железничкиот мост во с.Г.Лисиче, извлечено e женско тело од екипа од БППЗ, информираат од МВР.
Се работи на утврдување на идентитетот на пронајденото тело.