Безживотно тело на млад маж со прострелна рана е пронајдено во штипско

Во атарот на штипското село Пиперово вчера пронајдено е безживотно тело на млад маж. Според првичните информации, пронајден е со прострелна рана.

Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува. Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот, а вечерта се вршел увид на лице место од страна на полицијата и јавен обвинител.

Повеќе детали се најавуваат во текот на денот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.