Безживотни тела на татко и 9 годишен син, пронајдени во Слупчане

Доцна синоќа во Слупчане биле пронајдени безживотните тела на татко и неговиот 9 годишен син.

Синоќа , во 22 часот и 40 минути, полицајци добиле повик дека во атарот на селото Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“, било забележано патничко моторно возило, марка „опел астра“, во кое било пукано од засега непознат сторител, итната помош констатирала смрт на две лица.

Од МВР информираат дека Јавното обвинителство и екипата на СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека непознат сторител со огнено оружје пукал во 47 годишниот Е.С и неговиот 9 годишен син од село Опае. По наредба на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција . Се превземаат мерки за расчистување на случајот.