Бездомникот од Центар кој напаѓал и вознемирувал девојчиња и жени им се крие на социјалните служби

Социјалните служби не го нашле бездомникот кој се соблекувал, напаѓал и вознемирувал жители на Центар. Откако од МВР вчера телефонски пријавиле во Центарот дека 30 годишен маж спие и престојува во влезови, паркови и гаражи околу Соборниот храм и Дебар маало специјализиран тим веднаш излегол на терен не не успеале да го лоцираат лицето за кое првично граѓаните мислеле дека е мигрант.

-Поразговарано е со граѓаните, но лицето не е најдено. Ова лице не евидентира како бездомник ниту е корисник на никакви права од областа на социјалната заштита, зијави Наташа Станоевиќ, директор на Меѓуопштински Центар за социјални работи.

Од Ценртарот ќе пробаат да стапат во контакт со некој член на семејството на 30-годишникот, а во меѓувреме апелираат до граѓаните доколку го забележат да се јават на дежурните телефони, за да може стручни лица да го лоцираат и да му понудат соодветна социјална или здравствена помош.

-Имаме 2 дежурни телевони на специјализираниот тим-076-381-762, 078-230-943, додаде Станоевиќ.

Центарци реагираат дека агресивниот бездомник повеќе од 1 година  недолично е однесувал и сексулано вознемирувал девојчиња и жени. МВР вчера информираше дека против ова лице биле поднесени 2 прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и понатаму надлежноста за овој случај ја префрлија на Центарот за социјални работи.