Бездомниците и питачите по 21 часот ќе се носат во пунктот ,,Момин поток“

Првиот ден од полицискиот час го отвори и прашањето за бездомните лица и децата питачи кои синоќа по стапувањето на сила на полицискиот час камерата на Канал 5 ги зебележа во близина на законодавниот дом. 

Од Центарот за социјална работа на град Скопје во врска со затекнатите бездомни лица и деца питачи во време на полицискиот час ,велат дека постапува специјалиизран тим 24 часа во текот на денот.

„ Овој тим постапува по однос на сите ранливи категории меѓу кои спаѓаат и бездомните лица и децата питачи.Постапувајки согласно насоките на Владата,во тек е обезедување на  дозвола со која овој тим ке постапува и после 21 часот.По излегување на терен и детектирање на овие лица ке им биде понудено и сместување ,а воедно ке бидат почитувани и препораките лицата да бидат изолирани .“ – велат од Центар за социјална работа на град Скопје

Првиот човек во ресорот на МВР, Наќе Чулев изјави дека во координација со Центарот за социјална работа на град Скопје бездомните лица и  децата кои питачат ќе се носат во пунктот Момин поток.

Во состојба на пандемија од Ковид 19, меѓу најзагрозените лица се и бездомниците за кои во екот на ширење на овој вирус од Црвениот крст на град Скопје велат дека на оваа категорија на граѓани се работи посветени во делот на превенцијата на нивната здравствена состојба. Превенцијата за заштита од Ковид 19 кај оваа ранлива група,Црвениот крст ја реализира преку постоење на мобилни тимови кои на терен делат заштитни медицински маски,средства за дезинфекција како и печатени материјали со дадените препораки од Светската здравствена организација.