Бездомнички живот во Скопје: Валкани и гладни, стуткани бараат милостина за да си купат храна и да го преживеат денот

10 октомври, ден на бездомништвото. Бездомништво проблем, кој е присутен насекаде низ светот. И најмали и најстари, секакви има по улиците.

Метрополите, особено се полни со таквите луѓе. А кога станува збор за бездомници во Скопје, нивната бројка за жал постојано расте.

Валкани и гладни, стуткани на некоја од пешачките зони, со картонска кутија пред себе за некој хуман граѓанин да им фрли ситна пара за да можат да си купат храна и да го преживеат денот. Вака секојдневно живеат се поголем број бездомници во Скопје, кои опкружени со луѓе во постојано брзање, станаа речиси незабележливи.

Бездомниците најмногу „престојуваат“ во централното градско подрачје, каде што фрекфенцијата на луѓето е и најголема, а со тоа и шансата некој да им даде милостина е поголема. Сепак, има и такви кои преспиваат во парковите или во близина на железничката станица. Поради различни животни приказни, луѓето без покрив на главата, на улица живеат по 5, 10 па дури и по 15 години.

Во моментот, во Скопје но и во цела Македонија, постојат пунктови кои ги згрижуваат бездомниците. Таму бездомниците добиваат храна, средства за хигиена, облека, преглед од доктор, лекови. Во пунктот имаат можност да се искапат и да облечат чиста гардероба, но и да поразговараат со социјални работници.

За потребите на овие граѓани, освен Град Скопје и Црвениот крст се грижат и голем број хумани граѓани кои својата облека, храна или средства за хигиена им ги даваат на бездомниците.

air max 90 essential sale