Глутница улични кучиња ги поздравуваат минувачите на улица Македонија пред куќата на Мајка Тереза.
Има повеќе од десет кучиња кои седат на плочикте пред куќата.
„Искрено не ти е сеедно кога треба да поминеш покрај толку многу кучиња. Мирни се но сепак се животни, непредвидливи се. И покрај тоа што сум љубител на животни, а и дома имам куче, сепак, чувството е непријатно“ – вели читател на Прес24 кој ја испратил оваа фотографија.
На потег се градските власти кои согласно законите треба да се погрижат за овие улични кучиња.
Фото: Прес24