Безбедноста во сообраќајот во Скопје намалена - граѓаните реагираат

На многу булевари и улици боите не се познаваат, ниту на пешачките премини, ниту по должина на булеварите, помеѓу коловозните ленти.

Праксата од минатите години вели дека акцијата за бојадисување на булеварите започнувала во април или мај.

Во 2009 година Јавното претпријатие „Улици и патишта“ имаше само една машина за обележување.

Во изминатите пет години набавени биле уште две машини, со цел побрзо завршување на оваа акција и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Во некои години, дополнително биле ангажирани и приватни фирми за што поуспешно и побрзо завршување на бојадисувањето на сообраќајниците.

Сегашната ваква состојба на теренот значително придонесува за небезбеден сообраќај, како на возилата, така и на пешаците. И покрај лошата состојба на терен, никој не реагира и презема мерки.

Најголемата последица ја трпат граѓаните кои секојдневно минуваат по сообраќајниците, ризикот од повреди или во најлош случај смртни последици е голем. Во полицискиот билтен секојдневно може да се најдат информации за удрен, прегазен пешак, но и сообраќајни несреќи.