Безбедноста во сообраќајот и повеќе места во градинките во фокусот на советниците од Ѓорче Петров

На вчера одржаната 26-та седница на Советот на општина Ѓорче Петров, полициската станица од општината го презентираше извештајот за работа за 2022 година, со акцент на засилување на безбедноста на граѓаните.

-Договорено е полицијата и натаму активно да работи на зголемување на безбедносните мерки во Ѓорче Петров со засилен надзор на улиците во насока на намалување на сообраќајни незгоди, но и да се регулира проблемот со неправилно паркирање на возилата на повеќе локации, информираа од локалната самоуправа. 

На седницата беше денесена одлука и за проширувањето на капацитетите во новата градинка „Сонце“ во Волково. Тоа, практично значи зголемување на првично планираната бројка на запишани дечиња, но истовремено и намалување на списоците на дечиња кои чекаат за упис.