Безбедноста на граѓаните е приоритет за Општина Карпош

Вчера вечер,  во населбата  Карпош 1 , претставници од урбаната заедница и  од полициската станица „Карпош“  одржаа средба со граѓани. На средбата се разговараше за  безбедносните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од оваа населба. Карпошани, реагираа на брзото возење со мотори во раните утрински часови, проблемот со паркирањето, како и гласната музика од соседните кафулиња. 

Командирот на ПС „Карпош“, Владо Симјановски, нагласи дека полицијата редовно врши контроли, и дека се зачестени казните кон несовесните моторџии. Сепак, проблемот е актуелен, и постојано ќе се работи за негово целосно решавање.

Општина Карпош, како локална самоуправа, соработува со полициската станица, која се наоѓа на нејзината територија, сé со цел да се зголеми безбедноста на карпошани, и преку една интерактивна комуникација, помеѓу Општината, граѓаните и претставниците на полицијата, да се таргетираат проблемите од сферата на безбедноста, и постојано да се работи на решавање на истите.