Безбедносните камери треба да покажат што се случувало со Влатко во автомобилот

Снимките од безбедносните камери поставени на булеварот Трета македонска бригада, во близина на фабриката Раде Кончар треба да помогнат или откријат како настанала смртта на познатиот македонски пејач Влатко Илиевски.

Како што објави порталот Коктел.мк ,истите го исконтактирале Министерството за внатрешни работи, но не успеале да добијат одговор од надлежните дали снимките се добиени и дали камерите биле во функција.

Пејачот бил пронајден синоќа, нешто пред полноќ во своето брендирано возило на булеварот Трета македонска бригада. Се уште не е познато кој пријавил во полиција. Од таму велат дека се работи за анонимен повик.

Телото на Илиевски е на обдукција, земени се монстри за анализа од урина и крв, а денес ќе биде погребан.