
Критичната сообраќајна точка во непосредна близина на ООУ „Љубен Лапе“ во скопски Аеродром добива современ и функционален сообраќаен режим кој ќе значи поголема безбедност за пешаците, пред сѐ, за учениците од овој дел од општината.
Градоначалникот на Аеродром Дејан Митески изврши увид во уредувањето на сообраќајниците, паркиралиштата и тротоарите кои се паралелни со бул. „Јане Сандански“, во делот зад поранешен „Тренд“ и во непосредна близина на ООУ „Љубен Лапе“ и детската градинка „Бамби“, многу фреквентен дел за возила и пешаци.
По повеќе децении, како што рече тој, овој дел од Аеродром добива современ и функционален сообраќаен режим.
- Уредни и сигурни улици за возење
- Обележани паркинг места возачите
- Безбедни тротоари за пешаците, особено за најмладите и постарите
- Општината продолжува да работи на уредување на инфраструктурата во секој дел од Аеродром за безбедност на сите граѓани, порача од терен Митески.