Без вода утрово уште една скопска улица

ЈП Водовод и канализација известува за прекин на водоснабдувањето на дел од корисниците од општина Центар.

Како што информираат од таму, поради дефект во шахта на улицата Славејко Арсов бр.21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.