Без вода утрово уште еден дел од Скопје

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците во Бардовци.

Од таму информираат дека поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул.4/бб Бардовци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот.