
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на населбата Мичурин.
Како што информираат од таму, поради уличен дефект ф100 мм на улицата Венијамин Мачуковски бр.28, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Венијамин Мачуковски, Анастас Митрев, дел од улицата Петар Ацев и училиштето Димитар Влахов.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.