Без вода утрово две скопски улици

ЈП Водовод и канализација известува дека со прекин во водоснабдувањето утрово ќе бидат дел од корисниците на Шуто Оризари.

Од таму информираат дека поради уличен водоводен дефект Ф-80 мм на улица Пелагонија раскрсница со улица Брсјачка Буна, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Пелагонија и Брсјачка Буна.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.