
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Шуто Оризари.
Оттаму информираат дека поради дефект на приклучна цевка ф-80 милиметри на улицата Пелагонија 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Пелагонија и дел од Брсјачка Буна.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до завршување со санација на дефектот.