Без вода утрово делови од две скопски општини

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Чаир и Бутел.

Оттаму информираат дека поради дефект на огрлица на улицата „Ресенска“ 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Исто така, поради изведување на водоводен приклучок на улицата „Марко Крале“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Марко Крале, Лопушник и Зуфер Мусиќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување со работните активности.