
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Од таму информираат дека поради уличен дефект од ф 80мм на улицата Тодор Александров (Водно-кај полициска станица), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Тодор Александров и полициска станица Водно.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.