Без вода утрово дел од една скопска општина

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Бутел.

Од таму информираат дека поради дефект на шибер ф-80 мм на улица Рокомија 40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Рокомија и дел од улица Христијан Тодоровски Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.