
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Ѓорче Петров.
Од таму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок од ф - 200 мм на улицата Воин Драшковиќ бр. 1б, без вода ќе останат корисниците од улиците Воин Драшковиќ и Браќа Галеви.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата.