Без вода утрово дел од една скопска општина

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска (07.02.2026) поради уличен водоводен дефект од ф200mm на улицата Максим Горки бр.8 населба Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булеварот Партизански Одреди и дел од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со санација на дефектот.