Без вода утрово дел од една скопска населба

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците од населбата Пржино.

Од таму информираат дека поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Благоја Гојан бр.43, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување со санација на дефектот.