Без вода утрово дел од една скопска населба

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин на водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците од населбата Усје.

Како што информираат од таму, поради уличен водоводен дефект од ф100mm на улицата Борис Трајковски крак 30 бб населба Усје, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Борис Трајковски од бр.4 до бр.30.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:30 часот до завршување со санација на дефектот.