Без вода утре улиците „Тетовска” и „Стив Наумов” во Центар

Поради уличен дефект на Ф80 милиметри на улица „Тетовска“ број 8, утре со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на оваа и на улицата „Стив Наумов“, како и објектите на Собраќајната полиција и Поликлиниката МВР во Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација”.

– Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до отсранување на дефектот, велат од градски водовод.