Без вода утре улиците „Емил Зола“ и „Борис Трајковски“

Поради изведување на водоводен приклучок од ф150мм на ул.„Емил Зола“ бр.12а, во текот на утрешниот ден без вода ќе бидат корисниците од ул.„Емил Зола“ и дел од „Борис Трајковски“, информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на активностите.