Без вода утре повеќе скопски улици и две училишта

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Центар и Карпош.

Оттаму информираат дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф400 на Ф200 милиметри на улицата Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од Мирослав Крлежа потег од булевар Партизански Одреди до улица Орце Николов од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Исто така, поради уличен дефект од ф100 милиметри на улицата Прашка, со прекинато водоснабдување ќе бидат улиците: Прашка, Дамска, дел од Букурешка, Гимназија и Основно училиште Нова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.