Без вода утре корисниците од делови од неколку улици во Центар

Без водоснабдување утре од 9 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од делови од улиците „Аминта Трети“, „Пиринска“, „Орце Николов“ и „Чедомир Миндеровиќ“ во општина Центар.

РЦУК по известување од ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 мм на крстосницата од улиците „Аминта Трети“ и „Пиринска“.