Без вода утре делови од скопска населба

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Железара.

Од таму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 100мм. на улица Гемиџиска крак 1 и крак 2, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улицата Гемиџиска и Филип Филипович.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.