Без вода за пиење утре ќе останат неколку делови од општините Бутел и Центар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје велат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот за одредени корисници поради дефект на улична цевка на улицата „Рајко Жинзифов“, на раскрсницата со улицата „Киро Крстевски Платник“. Подрачјата кои ќе бидат погодени вклучуваат делови од улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Шумадиска“ во општина Центар.
Во општина Бутел, корисниците од комплексот „Вива фреш“, касарната „Илинден“ и улицата „Македонско-косовска бригада“ крак 11, ќе бидат без водоснабдување од 09:00 часот поради дефект.
Корисниците ќе бидат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности.