
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на населба Хром.
Оттаму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-200 милиметри на улица Воин Драшкоци бб (за ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.