Без вода утре дел од скопско маало

ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Дебар Маало.

Од таму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Дане Крапчев бр.26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.