Без вода утре дел од Маџари и Сингелиќ

Корисниците на дел од улиците Ченто, Маџари, Палмиро Тољати, амбулантата во Сингелиќ и населба Сингелиќ утре од 9.00 часот нема да имаат вода.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок од Ф-100 мм на улицата „Методија Андонов Ченто“ крак 1/6 во населба Маџари и ќе трае до санирање на дефектот.