Без вода улици во Центар и Карпош, без струја делови од други две општини

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Центар и Карпош.

Оттаму информираат дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф400 на Ф200 милиметри на улицата Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од Мирослав Крлежа потег од булевар Партизански Одреди до улица Орце Николов од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Исто така, поради уличен дефект од ф100 милиметри на улицата Прашка, со прекинато водоснабдување ќе бидат улиците: Прашка, Дамска, дел од Букурешка, Гимназија и Основно училиште Нова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Кисела Вода и Ѓорче Петров.

- Поради активности во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе биде улицата Партизански Пат 2 од 09:00-13:00 часот.

- Поради активности во електродистрибутивната мрежа, без напојување ќе биде улица „2“ во село Орман од 09:00-15:30 часот.