Без вода улици од Центар и Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 26.10.2021 година (вторник)  поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. 9 – ти Мај бр.5 во населба Центар,  во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат:

- корисниците од улиците Роза Луксембург и Диме Аницин, како и дел од корисниците од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски Херои, Христо Смирненски, 9 – ти Мај, Петар Поп Арсов и Васил Стефановски.  (општина Центар) 

 Поради менување на вентил во шахта од ф – 1 цол на ул. Мексичка бр.5 во населба Тафталиџе без вода,  во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата, ќе останат корисниците од улиците Ташкенска, Мексичка и Хаванска, како и дел од корисниците од улиците Варшавска и Хелсинки.