Без вода улицата „Орце Николов“

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин во водоснабдувањето.

„На ден 13.03.2019 г.поради уличен дефект на водоводната мрежа ф100м.м.на улица „Орце Николов“ 100 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ на потег од раскрсницата со „Аминта Трети“ до раскрсницата со „Мирослав Крлежа“ од 09:35 часот до завршување на дефектот“, соопштија од таму.