Без вода попладнево делови од скопска општина

ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водонсабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Шуто Оризари.

Од таму информираат дека поради дефект на огрлица и дефект на приклучна цевка на улица Црноок 55, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Црноок и дел од Виничка.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:20 часот до завршување со санација на дефектот.