
ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Мичурин и дел од корисниците на Кисела Вода.
Оттаму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улицата Венијамин Мачуковски бр.10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Венијамин Мачуковски (ниска зона) од 16:35 часот до завршување на работните активности.
Исто така, поради дефект на приклучна цевка ф ¾ на улицата Христо Татарчев бр.13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од раскрсница Мечкаров до Гет Кафе од 17:00 часот до завршување на работните активности.