Без вода попладнево делови од две скопски населби

ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците од населбите Шуто Оризари и Лисиче.

Како што информираат од таму, поради уличен водоводен дефект од ф 100мм на улицата Индира Ганди бр.142 населба Шуто Оризари прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:40 часот до завршување со санација на дефектот.

Исто така. поради изведување на водоводен приклучок од ф 1”цол на улицата Киро Фетак крак 1 бр.6, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Киро Фетак и Герника и Долно Лисиче.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:50 часот до завршување со работните активности.