Без вода попладнево дел од една скопска општина

ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Гази Баба.

Од таму информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф2“мм на булевар Киро Глигоров бб (спроти Годи), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Киро Глигоров, улица Перо Наков и индустриските објекти на улицата Перо Наков.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до завршување на работните активности.