
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улицата Народен Фронт 5 до Цветен пазар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Васил Ѓоргов и Народен Фронт од бр.5 до бр.21.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:10 часот до завршување на работните активности.