Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради водоводен уличен дефект ф 150мм на ул. Ѓорче Петров бб (до Макпетрол), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Кузман Шапкарев и дел од корисниците од ул. 4 Јули.
Прекинот почна од 12:15 часот и ќе трае до завршување на санацијата.