Без вода овие делови од Скопје

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради скината цевка ф-80 мм од страна на приватна фирма на ул. Малешевска бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Малешевска, Таки Даскалот, Филип Клаиќ, 14-та Бригада и Славчо Стојменски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:10 часот до завршување со санација на дефектот.