Без вода неколку улици во Капиштец поради дефект

Поради уличен дефект на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец, утрово прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од неколку улици, соопшти ЈП Водовод и Канализација.

Според известувањето, од 8 часот, па се до санирање на дефектот, без вода ќе останат улиците Васил Ѓоргов, Миле Поп Јорданов, Јуриј Гагарин, блоковите број 1, 3 и 5 на улицата Франклин Рузвелт и Министерство за економија.