Без вода напладне дел од една скопска општина

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска напладне со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Шуто Оризари.

Од таму информираат дека поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф 1“ на улица Индира Ганди (кај Џамијата спротив КПД Шутка) со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Индира Ганди.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:40 часот до завршување на работните активности.