Без вода Министерството за здравство и околните објекти

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради водоводен приклучок ф-100 мм, на улицата Јордан Мијалков бб прекинато водоснабдување ќе имаат дел од улиците 50. дивизија, Јордан Мијалков, Панче Караѓозов, Министерство за здравство и неколку објекти во општина Центар од 9.30 часот до завршување.