Без вода корисниците од „Стив Наумов“, амбуланта Пролет и полициската станица

Поради уличен дефект ф-5/4 на ул. 402/10 Центар, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Стив Наумов (Ленинградска), вклучително амбуланта Пролет и полициската станица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација.