Без вода една скопска улица и дел од булевар

Од скопски Водовод информираат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, соопштија надлежните.