Без вода две поголеми улици во Кисела Вода

Поради реконструкција на ф-3/4 , во близина на стара чешма, без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите, соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.