Без вода денеска три скопски села

Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 90мм. на улица 5, бр.50 село Студеничани, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од истото село. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до завршување на работните активности. 

Исто така, поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица 1 бр.6 село Орман. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од село Орман и село Никиштани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до завршување на работните активности.